Ракитиќ: Ја донесов најтешката одлука во кариерата, од денес ќе бидам само навивач

Дерби

21/09/2020

19:33

2.010

Големина на фонт

а а а

Откако направи трансфер и се врати во саканата Севилја, Иван Ракитиќ денеска соопшти дека ја донел најтешката одлука во својата кариера, откако реши да стави крај на својата репрезентативна кариера.

Играчот кој беше дел од историскиот состав на Хрватска кој го освои среброто на последното Светско фудбалско првенство, процени дека е најдобро време да им остави простор на помладите, бидејќи цели 13 години настапуваше за дресот која има значење на светост во Хрватска.

– Простувањето од хрватската репрезентација е најтешка одлука во мојата кариера, но почувствував дека е време да пресудам и да донесам таква одлука. Уживав на секој натпревар кој го одиграв за мојата татковина, а незаборавните моменти од Светското првенство секогаш ќе ми бидат омилени спомени во животот.

– Уверен сум дека и натаму имам одлични момци кои ги чека светла иднина. На моите пријатели и соиграчи им ја посакувам цела спортска среќа на светот во наредните предизвици, во мене добиваат најголем навивач, – порача Ракитиќ.

Оваа неочекувана одлука ја шокираше цела Хрватска, бидејќи 32-годишниот Ракитиќ пред да ја напушти Барселона нагласи дека се чувствува најдобро физички подготвен во кариерата.

– Навистина ми е тешко да зборувам, ова се моменти во кога ве совладуваат емоциите, зборови не се потребни. Си отиде дел од нас, играч на Хрватска кој засекогаш не задолжи. Ракитиќ и донесе огромна среќа на Хрватска, тоа се денови кои ќе се паметат цел живот, – порача селекторот Далиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг