Зрелите години никогаш не биле подобри: 5 позитивни промени кои ги чувствува секоја жена во 40-те и 50-те години

Точка

19/09/2020

14:51

2.730

Големина на фонт

а а а

Не се вели без причина дека зрелите години од животот се најдобрите години.

Кога жената ќе зачекори во 40-те години, доаѓа до хормонски промени и до забавување на метаболизмот. Иако некои дами стравуваат од зрелите години, тие со себе носат и некои позитивни промени. 

Помалку се потите

Во зрелите години се менува структурата на потните жлезди, па со тоа помалку се потите. Исто така, се намалува и мирисот на потта кој го предизвикуваат бактериите на нашата кожа.

Се намалуваат алергиските реакции

Многу луѓе се борат со сезонски алергии на полен и на амброзија. За нив пролетното време е синоним за симптоми на настинка. Меѓутоа, имунолошкиот систем на луѓето во зрелите години не е веќе толку чувствителен, па затоа послабо реагирате на полен и слично.


Исчезнуваат акните

Со доаѓањето на менопаузата се забавува производството на лојните жлезди на нашата кожа. Предност? Претераниот себум нема да ги затнува порите, а тоа е инаку најголемата причина за појава на акни и митесери. Тоа значи дека луѓето кои во тинејџерските години имале масна кожа, можат да очекуваат нормална кожа по 50-та година.

Се намалуваат главоболките

Мигрената е една од најчестите типови главоболка и е многу болна. Почесто ги напаѓа жените од мажите. Во 30-те години нападите го достигнуваат врвот на интензитетот и зачестеноста. Меѓутоа, по 40-те состојбата се подобрува. Кај 40 отсто од пациентите со мигрена во 50-те и 60-те години од животот, нападите на главоболка се многу ретки или потполно исчезнуваат.


Порано се будите

Во зрелото доба се менува телесното производство на хормонот за спиење – мелатонин. Навечер се јавува рана поспаност, но затоа наутро се будиме порано. Сонот е исто така подобар. Истражувањата покажале дека луѓето во 80-те години од животот најдобро спијат и дека проблемите со спиењето се намалуваат или потполно исчезнуваат со текот на годините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг