Селма Хајек покажа како изгледа во бикини во шестата деценија: Актерката ги распамети фановите на Инстаграм!

Кармин

18/09/2020

15:21

5.417

Големина на фонт

а а а

Актерката Селма Хајек пред неколку денови го прослави 54-от роденден, но и понатаму може да се пофали со природниот изглед и затегнатата фигура.

Селма е позната по тоа што на Инстаграм објавува фотографии на кои е без шминка и фризура, а сега одлучила да го покаже своето тело во шестата деценија.

Имено, таа позирала во едноделен костим за капење покрај базен, додека лежела бочно, со цел да ја истакне фигурата.

Според оваа фотографија, таа изгледа навистина затегнато, иако неколкупати признала дека не е љубител на теретана и вежбање, но дека многу води сметка за својата исхрана.

„Кога сум под стрес, многу јадам за да се утешам. После детоксот, мотивирана сум да јадам поздраво“, рекла таа во една прилика. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk