Годините не му можат ништо: Актерот чека дете со 30 години помладата белграѓанка

Кармин

15/09/2020

20:24

4.825

Големина на фонт

а а а

Големиот заводник, актерот и музичар Франо Ласиќ (65) повторно ќе се оствари во улога на татко.

Неговата сопруга Милена Ласиќ (35) на социјалните мрежи ја споделила радосната вест и објавила фотографија на која со гордост го истакнува трудничкиот стомак.

На Милена ова ѝ е прво дете, додека Франо има три возрасни деца - Јанко, Лука и ќерката Лина.

View this post on Instagram

Navire inspiracija u trudničkim danima ❤😊

A post shared by Milena Lasić (@milena.lasic) on

„Секој пат како да е првпат, возбудата е голема и не може да се опише со зборови. Нѝ се случува прекрасна работа, на која многу ѝ се радуваме. Тоа е нешто што и двајцата го сакавме“, рекол Франо Ласиќ.

Кога ги дознала радосните вести, Милена прво му се јавила на сопругот.

„Беше воодушевен. Скокавме од среќа, се бакнувавме и се прегрнувавме. Можеби почетокот на епидемијата на коронавирусот не беше најдобар период да дознаете дека сте бремена, но ние двајца добро се држевме“, рекла таа, пренесуваат тамошните медиуми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk