Крајно неспортски потег на Адетокумбо: Во стилот на Зидан, со глава нокаутираше противник

Дерби

12/08/2020

10:50

920

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо се најде во центарот на вниманието во САД по еден негов неспортски потег.

Иако периодот наназад Адетокмубо ги полнеше медиумите преку барата со своите феноменални партии, сега тоа го стори со еден потег од кој се згрозија многумина и за кој самиот играч на крај мораше да се извинува.

Имено, Адетокумбо со глава го удри својот противник Мо Вагнер и веднаш заработи исклучување од натпреварот во кој неговиот Милвоки играше против Вашингтон.

– Ужасен потег. Да можев да се вратам, да го вратам времето на тој момент, немаше да го сторам тоа. Но, на крајот на денот сите сме луѓе и правиме грешки.

– Мислам дека сработив одлична работа во текот на целата година, во мојата кариера и треба да продолжам да се фокусирам само на играта, но ние сме луѓе и правиме грешки.

– Немам ништо против Вагнер, не е само тој. Тоа беше во мојот ум цело време, на сите натпревари играм со момци кои постојано ме удираат, а сега за момент го загубив паметот, - се бранеше Адетокумбо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг