Халанд со чудна изјава: Тие ќе не победат и ќе го освојат СП

Дерби

23/06/2026

12:16

569

Големина на фонт

а а а

Норвешка потврди дека е квалитетна репрезентација и забележа нова победа на Светското првенство, овојпат против Сенегал од 3-2.

Скандинавците во првата рунда рутински се справија со Ирак, а рано утрово беа подобри од шампионот на Африка (на терен) што е јасен знак дека оваа селекција може да биде изненадување на турнирот во САД, Мексико и Канада.

Норвежаните беа среќни, задоволни, славеа со сонародниците на трибините, но Ерлинг Халанд го привлече вниманието со една изјава. Халанд одново беше автор на два гола, а во пресрет на дербито во групата со Франција тој се предаде и порача дека „триколорите“ сигурно ќе победат, плус и дека ќе ја освојат титулата.

- Успеавме да се пласираме понатаму што е неверојатно, па затоа не ми е гајле за тој натпревар… веројатно ќе победат против нас, веројатно ќе ја освојат титулата, - порача Халанд кој ја изненади новинарката.

- Вау, каква изјава, - истакна новинарката.