Шкотска може да ја стопира лигата поради „глупоста“ на Болинголи

Макфакс

11/08/2020

13:53

2.221

Големина на фонт

а а а

Селтик го осуди однесувањето на нивниот фудбалер Боли Болинголи откако дефанзивецот ги прекршил правилата за карантин поради коронавирусот за да отпатува на одмор во Шпанија.

Поради ова однесување на белгискиот дефанзивец, шкотските власти ќе разгледуваат дали да ја стопираат Шкотската Премиер лига, откако тој влезе како замена при 1:1 ремито со Килмарнок во неделата. Болинголи не го информирал клубот дека бил во посета на земја со висок ризик – од 26 јули, сите патници од Шпанија во Велика Британија мораат да бидат во самоизолација 14 дена.

„Селтик го осудува и се извинува за однесувањето на нашиот фудбалер Боли Болинголи, кој патуваше во Шпанија без да го информира клубот. Тешко е да се замисли понеодговорно однесување во овие тешки услови. Клубот ќе поведе дисциплинска процедура“, се вели во соопштението на Селтик.

Оваа вест доаѓа откако неколку фудбалери на Абердин беа позитивни на корона вирус, и портпаролот на шкотската влада потврди дека една опција е да се стопира шампионатот по само две кола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг