Мбапе му одговори на Јамал: Му посакувам се најдобро

Дерби

18/09/2026

14:07

245

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал пред неколку дена испорача неколку аргументи во јавноста кои смета дека го прават главен фаворит за освојување на „Златната топка“, но во ексклузивното интервју за „Мовистар“, не пропушти да нагласи дека во овој момент, на исто ниво со него е Килијан Мбапе.

Младата ѕвезда на Барса нагласи дека тој и Мбапе се најдобри играчи во светот, па во најновото интервју за „АС“, Французинот доби шанса да возврати на ваквиот комплимент.

Напаѓачот на Реал Мадрид не сакаше да навлегува во детали за споредбите кои беа направени за „Златната топка“, но затоа учтиво посочи дека Ламин е голем талент кој има блескава кариера пред себе.

– Ламин е неверојатно голем талент и имам чувство дека ќе направи голема кариера. Му посакувам се најдобро, на нему, на неговото семејство и на сите блиску луѓе до него, – изјави Мбапе.

Според почетните проценки, Мбапе и Јамал се главни фаворити за најпрестижното индивидуално признание оваа година, но шанси од втор план му се даваат и на Хари Кејн кој постигна 73 голови минатата сезона.