Овие 3 знаци се најголеми расипници во хороскопот – тие едноставно не знаат да ракуваат со парите

Кармин

11/08/2020

10:01

5.115

Големина на фонт

а а а

Сите сакаме да имаме пари – некои од нас умеат да штедат и да бидат економични, а на други тоа просто не им оди од рака. А што вели хороскопот?

Постојат 3 хороскопски знаци кои едноставно не знаат да ракуваат со парите, а еве што велат ѕвездите. 

Близнаци

Припадниците на овој знак се најнеодговорни кога станува збор за финансиите. Толку се невнимателни со парите кои ги поседуваат што се во состојба да ја потрошат и цела плата за еден ден.

Често знаат да се најдат и во финансиски проблеми, со оглед дека претераното трошење на парите им е правило, а не исклучок.


Стрелец

Стрелците поради својот изразен оптимизам лесно ја преоѓаат границата на реалноста. Тие планираат и остваруваат нешта за кои апсолутно немаат пари, но секогаш некако се снаоѓаат. Нивните намери се добри, но се едноставно непромислени. Стрелците сакаат забава и ќе го потрошат и последниот денар за добар помин.

Лав

Лавовите ги трошат парите исклучиво на себе. Не се грижат за тоа колку пари имаат на сметка, тие едноставно уживаат во животот. Не им е жал да трошат енормна количина на пари на луксузна облека и накит. Сакаат и адреналин, па често знаат и да се коцкаат за да ги умножат своите пари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk