Џенифер Анистон искрено за продолжението на „Пријатели“: „Никаде не одиме, никогаш нема да се ослободите од нас“

Кармин

10/08/2020

11:50

1.217

Големина на фонт

а а а

Снимањето на специјалот „Пријатели“ е одложено поради коронавирусот, поради што фановите на омилената серија и тоа како се разочараа.

Актерката Џенифер Анистон, која го толкува ликот Рејчел Грин, и самата е тажна поради сето тоа, а новиот датум за снимање сè уште не ѝ е познат на јавноста, пренесуваат странските медиуми. Првично било договорено да се снима во март, па потоа во мај, но сега не се знае.


„Многу сум тажна што мора повторно да го одложиме снимањето. Но, ова нѝ даде повеќе време сè да биде уште повозбудливо, поинтересно од порано! Така што, нема да одиме никаде. Никогаш нема да се ослободите од 'Пријатели'“, изјавила Џенифер во свој стил за странските медиуми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk