Најголемите нарциси – 3 хороскопски знаци кои се сакаат само себеси!

Кармин

07/08/2020

14:54

5.390

Големина на фонт

а а а

Доколку е здраво да се сакате себеси, кај некои хороскопски знаци таа љубов е малку поизразена отколку кај другите.

Ова се 3-те хороскопски знаци кои што се сакаат само себеси:

Овен

Припадниците на овој знак вообичаено себеси се сметаат за најпаметни, најпосебни и генерално подобри од сите други.

Затоа баш и не се омилени во друштвото и вообичаено имаат малку блиски пријатели, а нивната изразена нарцисоидност ги кочи и во пронаоѓањето на љубов.

Вага

Вагите се едни од најповршните знаци во Зодијакот. Луѓето родени во овој знак вообичаено сакаат убави работи и убави луѓе, а се трудат и самите да бидат најубави колку што можат.

Уживаат во пофални зборови кои што им ги упатуваат другите затоа што обожуваат да бидат во центар на внимание.


Лав

Огнените Лавови познати се по својата егоцентричност која што воглавно воопшто не ја кријат. Тие јавно и искрено се гордеат со самите себе затоа што навистина веруваат дека се подобри од другите.

Иако за себе сакаат да мислат дека се омилени во друштвото, вистината најчесто е спротивна затоа што ретки се луѓето кои што можат да го поднесат нивното его. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk