7 милиони прегледи за еден ден: Најновата реклама на “Nike” ќе ве остави без здив

Точка

06/08/2020

20:16

3.654

Големина на фонт

а а а

Доколку мислите дека рекламите се здодевни, постои шанса најновиот рекламен спот на “Nike” кој го носи името “You Can’t Stop Me” потполно да ве разувери.

Имено, оваа реклама е потполно составена од архивски снимки, а како што пренесуваат американските медиуми, од 4.000 делови од одредени спортски настани се избрани 72 кои се комбинираат во 36 моменти на поделен екран, при што приказната од двете страни се стопува во една. 

Фасцинантната и детална монтажа испраќа моќна порака до публиката – за обединетата моќ на спортот во време кога епидемијата на коронавирусот влијае на сите општествени сегменти.

Во рекламниот спот се појавуваат спортски ѕвезди како Леброн Џејмс, Наоми Осака, Кристијано Роналдо, Јанис Адетокумбо, Серена Вилијамс, Меган Рапино и многу други.

“Играчите можеби се вратија на терените, но не се враќаме на старото нормално. Мораме да продолжиме да го преиспитуваме овој свет и да го направиме подобар. Верувам дека одговорност на сите е да се залагаат за промена”, вели една од најпознатите американски фудбалерки, Меган Рапино, која е наратор во рекламата.

Видеото за многу кратко време стана вирално, а за еден ден на Јутјуб го погледнале над 6 милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг