Италијанскиот милионер организирал забава на луксузната јахта, а кога се појавило семејството Михајловиќ – сите гледале со восхит

Кармин

06/08/2020

12:37

5.732

Големина на фонт

а а а

Фудбалската сезона во Италија е завршена, а првите денови од одморот Синиша Михајловиќ ги искористил за да отиде на роденденската забава на италијанскиот милионер Џанлука Ваки.

Тренерот на Болоња бил во друштво на своите ќерки, Викторија и Вирџинија и сопругата Аријана, која што блескала покрај него, а големо внимание привлекол неговиот аутфит.

Синиша и неговото семејство биле повикани на 53-от роденден на милионерот кој што го прославил на јахта, а на истиот присуствувало само ''избрано друштво''.

Ваки е роден во Болоња, па веројатно оттаму и познанството со Михајловиќ, а медиумите пишуваат дека богатството на овој бизнисмен се проценува на околу 450.000 милиони долари.

Инаку, тој сега е во врска со Џорџа Габриел, со која што неодамна објавија дека очекуваат бебе, но пред оваа сериозна врска тој важеше за голем заводник.

На неговиот шарм ''паднале'' многу убавици, а меѓу нив и Џенифер Лопез.

Ваки е познат по здравиот начин на живот и љубовта кон скапите мотори и луксузните автомобили, а тој исто така со задоволство го поминува своето време на јахтата и сака да посетува егзотични места.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk