Чевли, маска, фустан за 10-ка! Кејт Мидлтон ги маѓепса Европејците со интересното летно издание

Кармин

05/08/2020

18:16

6.774

Големина на фонт

а а а

Сопругата на принцот Вилијам поради пандемијата не е толку многу активна колку што бевме навикнати да ја гледаме, а поради тоа таа работи од дома, па секое нејзино излегување на терен е ''модно задоволство''.

Војвотката од Кембриџ - Кејт Мидлтон, често се определува да носи нешто попристојно за дневна комбинација, но и тоа како знае да ги остави без здив оние кои што ќе ја видат.

Имено, Мидлтон вчера посетила една британска ''детска банка'', односно установа која што се занимава со собирање облека и опрема за најмладите и семејствата со ниски примања, па се појавила во интересна модна комбинација.


Кејт носела фустан од модната куќа „Suzannah“ и тоа моделот „Flippy Wiggle Dress“ за кој што морала да издвои сума од 1.850 фунти.

Станува збор за фустан со кратки ракави кој што се протега до под колената, а особено е интересен контрастот кој што е постигнат со помош на белата ткаенина и впечатливите црни копчиња.


Војвотката овој фустан го искомбинирала со сребрени салонки со потпетица (средна висина), а од накит се определила за тенко, златно ланче и својот популарен веренички прстен.

Сепак, најголемо внимание привлекла нејзината заштитна маска со цветен дезен, која што станала своевиден аксесоар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk