Ќерката на Шумахер израсна во вистинска убавица – додека татко ѝ се бори за живот, таа тргнала по ''опасните патишта''

Кармин

04/08/2020

21:14

11.541

Големина на фонт

а а а

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер и понатаму се бори за живот, откако кон крајот на 2013-та година како што знаеме настрада на скијање.

Германските медиуми изминативе денови го пренасочија вниманието на 23-годишната Џина Шумахер.

Може да се каже дека Џина тргнала по стапките на нејзиниот татко, иако не седнала во болид, сепак и таа сака брзина.

Како што Шумахер има коњ на грбот на „Ферари“, така таа јава коњ.

Таа доспеала во центарот на тамошната јавност поради тоа што на социјалната мрежа Инстаграм споделила фотографија, а многумина се согласиле дека навистин личи на својот татко.

Инаку, Михаел со својата сопруга Корина има две деца, Џина и Мика, кој што вози формула. Додека тој е на стазата, неговата сестра приредува шоу со коњи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk