Хаос во ресторан во Торонто: Кога видел дека друг гостин не носи маска, почнал да крши сè околу себе

Точка

03/08/2020

16:37

4.552

Големина на фонт

а а а

Снимката од инцидентот кој се случил во Торонто поради тоа што еден од клиентите во пицеријата не носел маска, станала вирална на социјалните мрежи.

Купецот кој влегол во пицеријата забележал дека друг маж, кој исто така купувал храна, не носи маска, потполно изгубил контрола, почнал да вика и да го крши инвентарот. 

За случајот да биде побизарен, бесниот купувач ни самиот не ја носел маската правилно преку уста и нос, туку таа била под неговата брада.

Многу корисници на социјалните мрежи коментирале дека ваквото неконтролирано може да биде резултат на ментални проблеми.

Во Торонто носење на маска е задолжително во сите затворени јавни простории, а слични мерки се воведени и други светски земји.

Меѓутоа, Холандија, на пример, не ја советува јавноста да носи маски, сметајќи дека нема доволно докази дека се ефикасни во спречување на ширењето на коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг