Лоба за Точка: „Никогаш не сум држела диети и не сум имала некој посебен режим на исхрана“

Кармин

29/07/2020

20:47

4.699

Големина на фонт

а а а

Викторија Лоба само за читателите на Точка ги открива тајните за совршен изглед. Освен советите кои секоја девојка може без проблем да ги примени, Лоба нѝ откри каде ќе го помине летниот одмор, а покрај тоа зборува и за својата омилена светска дестинација за патување.

Што правиш последниов период, како ти поминува времето?

Времето одлично го поминувам во патувања и рекреација како и секое лето, само што оваа година се посветив на македонските убавини и уживам во нашата природа. Иако мислев дека секаде сум прошетала низ нашата држава, сепак има неколку места кои допрва ги открив и сакам да ги посетам. А додека сум во Скопје го користам Водно максимално за прошетка и планинарење посебно во предвечерните часови.

Каде одлучи да го поминеш годишниот одмор, со оглед на новонастанатата ситуација?

Годишниот одмор го поделив на неколку дела со тоа што ги користам често, посебно за викендите да уживам во Охрид и во свежината на Галичица.


Која ти е омилена туристичка дестинација? Раскажи нѝ како си помина таму, што препорачуваш да се посети.

Откако ја посетив Флорида морам да кажам дека е идеална дестинација од повеќе аспекти. Има премногу места кои убаво е да се посетат како Ки Бискејн, Ки Вест, Наплес. Сите изобилуваат со природни убавини и стил на живот кој нема никого да остави рамнодушен. Во Кеѕ Њест најмногу ја доживеав таа американска традиција и луѓето таму дефинитивно се многу опуштени. Ки Вест е нај западната точка на Америка и е големо туристичко доживување сепак го има задржано оригиналниот американски дух.


Кој е твојот совет за девојките кога се во прашање костимите за капење, каков е твојот избор?

Мојот совет е едноставен, јас верувам дека секое тело е прекрасно и кога сме кај избор на костим за капење најдобриот избор доаѓа лично од индивидуата, затоа што секоја девојка си има свој личен вкус и стил. Важно е само да има платформа која нуди повеќе можности за секоја индивидуа. Од неодамна сум бренд амбасадор на македонска линија на костими за капење “Хер Лине.мк” и истите се дизајнирани и квалитетно изработени од наши македонски жени, што го прави секој производ оригинален домашен продукт. Изборот на костими за капење од “Хер Лине” е навистина многу голем и секоја девојка може да си го најде оној кој нејзе најмногу и прави кеф и да си го порача онлајн преку сајтот, нарачката стига за помалку од 24 часа.


За одлична фигура, потребна е дисциплиниран режим на исхрана и вежбање. Но, која е твојата тајна за совршено тело?

Повеќе пати сум говорела на оваа тема и мислам дека исхраната е одговорна најмногу за добра линија. Јас никогаш не сум држела диети и не сум имала некој посебен режим на исхрана. Сметам дека секое тело бара различни продукти и токму затоа јас се хранам интуитивно. Тоа значи јадам сè она што ми се присака но во мали количини, некогаш да си каснам и пица или парче торта. Она што мене ме спасува е умерената количина во исхраната, и тоа што потполно се откажав од месо додека млечните производи скоро и да не ги консумирам. Најмногу јадам растителна храна и сè она што е сезонско, но доколку сакам за краток период да ослабнам малку повеќе тогаш правам детокс викенд кој може да трае 3-4 дена каде сум цело време на смуди и супи. Физичката активност исто така многу ми помага да сум во форма, затоа кога е убаво времето го користам за вежбање на отворено, некогаш тоа може да е само долга прошетка, почесто е качување на Водно, покрај тоа практикувам и Јога.


И само уште еден ама вреден совет за убавина, а тоа е периодично да се одморите и да се наспиете колку телото ви бара, има зошто спењето некогаш го нарекуваат beauty sleep.


Автор: Цеце Николова
Фото: Приватна архива


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk