6-годишно момче ја спасило својата сестра од разбеснето куче, на неговата храброст се воодушевуваат бројни славни личности

Кармин

16/07/2020

14:35

4.501

Големина на фонт

а а а

6-годишниот Бриџер Вокер од Вајоминг го ризикувал својот живот за да ја спаси помалата сестра од разбеснето куче.

Кога кучето на 9 јули ја нападнало неговата сестра, момчето храбро скокнало пред него, а кучето го изгризало по лицето и главата. И покрај повредите, тоа успеало да ја грабне раката на малечката и заедно да побегнат на сигурно. 

Приказната на социјалните мрежи ја споделила нивната тетка Ники Вокер и открила дека детето добило 90 конци.

“Мојот внук е јунак кој ја спаси својата сестра од напад на куче. Тој дозволи да биде искасан од кучето само за да ја заштити”, напишала Ники.

Бриџер бил пренесен во болница, а неговата храброст ја препознале и некои славни имиња. Актерката Ен Хатавеј се огласила на Инстаграм.

“Не сум “Avenger”, но знам да препознаам херој кога ќе го видам. Можам само да се надевам дека сум половина храбра како што си ти, Бриџер. Ти посакувам лесно закрепнување”, напишала актерката и го тагнала актерот Марк Рафало со прашањето дали бара сојузник (Рафало ја толкуваше улогата на Хулк во филмот “The Avengers”).

Помеѓу останатите, порака му испратиле и Том Холанд, Хју Џекмен, Закари Леви, браќата Русо и Роби Амел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk