Некогашната спортистка го шокираше светот: „Два месеци бев затворена и силувана“

Точка

14/07/2020

16:31

5.563

Големина на фонт

а а а

Некогашната австралиска професионална сурферка Кармен Гринтри (37) напишала книга за трауматичното искуство кое го преживеала.

Кога имала 22 години, била затворена и силувана цели два месеци во Индија.

Во периодот кога сонувала за титулата светски шампион и патувања во светот од натпревар на натпревар, не успеала да се квалификува на светското првенство, па одлучила да патува во Индија.

„Бев депресивна и изгубена. Седум години од животот давав сè од себе, од утро до мрак, за да станам светски шампион. Ништо друго не ми беше важно“, напишала таа.

Нејзината авантура во 2004-та година во Индија набрзо се претворила во кошмар, кога му дозволила на еден Индиец да ѝ помогне да го најде правиот пат за Кашмир, пренесува „New York Post“. 

Тој ја однел на брод на кој останала затворена 2 месеци. Нејзиниот затвореник сексуално ја злоставувал.

„Најлошото чувство беше кога се откажав и му дозволив да прави што сака. Тогаш првпат ме силуваше. Бев преморена, не можев повеќе да се борам и знаев дека нема да застане“, раскажала таа за „Daily Mail“.

„Престанав да бројам колкупати ме силуваше. Ја блокирав меморијата, па не се сеќавам на повеќето напади. Бев целосно скршена, повеќе тоа не бев јас, бев само ѓубре“, додала таа.

Киднаперот ја натерал да ги повика родителите и од нив да побара пари, а сите пари кои ги имала со себе, тој ѝ ги украл. Токму тој повик до родителите го чинел слобода, бидејќи полицијата благодарение на него го одредила местото каде што се наоѓал.

Поради киднапирање и силување се уапсени двајца мажи, а Кармен не сакала да се врати во Индија за да сведочи против нив. Денес вели дека чувствува само тага кон мажот кој ја силувал, а својата приказна одлучила да ја сподели со јавноста за да покаже дека опоравувањето е можно.

„Верувам дека многумина поминале низ разни трагични искуства и кога тоа се случува, не веруваме дека некогаш ќе се опоравиме. Напишав книга за да покажам што научив и дека оздравев. Сакам луѓето да го прочитаат ова и да им даде надеж дека и тие ќе изградат добар живот и покрај тоа што им се случило“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг