Ќерката на Џон Траволта се опрости од мајка си со зборови кои ќе ви го скршат срцето

Кармин

13/07/2020

19:44

3.289

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Џон Траволта (66), актерката Кели Престон, починала во 58-та година од животот, од рак на дојка.

Тажната вест ја потврди актерот на Инстаграм, а потоа од мајка си со емотивна порака се опростила и Ела Траволта (20).

„Секој кој имаше среќа да те запознае или некогаш да биде во твое присуство, ќе се согласи дека си прекрасна, дека никогаш нема да престанеш да блескаш каде и да си и сите нас да нè правиш среќни. Ти благодарам што беше покрај мене без оглед на сè. Ти благодарам на целата твоја љубов, ти благодарам на помошта и ти благодарам што го направи светот поубаво место. Те сакам многу, мамо“, напишала таа.

Актерскиот пар се венчал во 1991-ва година, а покрај ќерката Ела имаат и син, Бенџамин (9). Најстариот син, Џет, починал во 2009-та година. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk