24-годишната Јутјуб ѕвезда и нејзиниот нероден син починале во осмиот месец од бременоста

Точка

13/07/2020

17:30

2.733

Големина на фонт

а а а

Бремената Јутјуб ѕвезда Никол Теа и нејзиниот нероден син Реигн починале под непознати околности.

На нејзиниот профил на Инстаграм е објавено дека 24-годишната Никол, која била во осмиот месец од бременоста, починала во саботата наутро.

„Сите следбеници и фанови со голема тага ги известуваме дека Никол и нејзиниот син, на кој таа и Бога му го дадоа името Реигн, починаа во саботата наутро“, објавено е на Инстаграм.

Никол била танчерка и инфлуенсерка, живеела во Лондон со партнерот, а сите 123 илјади фанови преку социјалните мрежи редовно ги известувала за напредокот на својата бременост.

Во саботата наутро, нејзиниот партнер, танчерот Глобал Бога, објавил снимка од танц со колевката, а минатата недела на социјалните мрежи напишал дека синот му 'пристигнува' на свет во понеделник.

Никол во едно од претходните видеа рекла дека има 'добра бременост', па нејзината смрт ги шокирала фановите.

Во соопштението на Инстаграм стои дека семејството одлучило да ги објави сите снимки кои Никол ги направила пред смртта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг