Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Макфакс

11/07/2020

13:31

696

Големина на фонт

а а а

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ, ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и ќе можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел за земјоделска механизација“.

„Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“, изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма 2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

Лани кофинансирањето на трошоците за набавка на зелена нафта за земјоделска механизација беше 30 %, оваа година поддршката е зголемена на 50%

„Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат 5 илјади земјоделци.

Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“ веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа право за добивање на картичка за зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски.

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на Република Северна Македонија. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката.

Преку мерката за зелена нафта, се овозможува рентабилно земјоделско производство и конкурентни домашните земјоделски производи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг