Убавата бисексуална Афроамериканка е новата “Batwoman”

Точка

10/07/2020

14:48

2.158

Големина на фонт

а а а

Џависија Лесли е новата “Batwoman” – актерката која претходно глумеше во драмската комедија “God Friended Me” би требало да дебитира во оваа улога во јануари 2021 година, пишува “CNN”.

Лесли е замена за Руби Роуз која го напушти шоуто по првата сезона и мноштвото лоши критики. 

“Исклучително сум горда што сум првата црна актерка која ќе ја толкува култната улога на “Batwoman” на телевизија. Како бисексуална жена, почестена сум што му се приклучив на ова револуционерно шоу кое беше голем пресврт за ЛГТБ заедницата”, соопштила Џависија.

Нејзиниот лик наречен Рајан Вајлдер ќе биде лезбејка, а опишана е како симпатична, неуредна, помалку безобразна и нескротлива.

Џависија Лесли е позната по улогата во серијата “The Family Business” и во романтичната комедија од 2019 година – “Always a Bridesmaid”.

Честитка од Лесли упатила и Руби Роуз која во серијата го носеше костимот на “Batwoman” во првата сезона.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk