Познати се четврт-финалните и полу-финалните двојки во ЛШ

Макфакс

10/07/2020

14:34

2.325

Големина на фонт

а а а

Во седиштето на УЕФА беа извлечени четврт-финалните двојки во Лигата на шампионите, чија завршница ќе се одигра во август. Поради вонредните мерки најдобрите осум екипи за трофејот ќе се борат на завршниот турнир во Лисабон. Натпреварите ќе се играат на стадионите на Бенфика и Спортинг.

Лигата на шампионите која поради пандемијата што ја предизвика вирусот Ковид-19 беше прекината во март. До тој момент четири клуба изборија пласман во четврт-финалето тоа се Атлетико Мадрид, Аталанта, Лајпциг и Пари Сен Жермен.

Сезоната во Лигата на шампионите ќе продолжи на 7 и 8 август кога ќе бидат одиграни реванш натпреварите од осмина-финалето помеѓу Барселона и Наполи (1:1), Манчестер сити и Реал Мадрид (2:1), Јувентус и Лион (0:1), односно Баерн Минхен и Челси (3:0).

Четврт-финалните мечеви на програмата ќе бидат на 12, 13, 14 и 15 август. Двојките се следни: Манчестер сити/Реал Мадрид – Јувентус/Лион, Лајпциг – Атлетико Мадрид, Наполи/Барселона – Челси/Баерн Минхен, Аталанта – Пари Сен Жермен.

Полу-финалната фаза ќе се игра на 18 и 19 авуст, а таму ќе играат победниците од натпреварите помеѓу Манчестер сити/Реал Мадрид – Јувентус/Лион и Наполи/Барселона – Челси/Баерн Минхен, односно Лајпциг – Атлетико Мадрид и Аталанта – Пари Сен Жермен.

Финалето на стадионот на Бенфика ќе се игра на 23 август. Условниот домаќин ќебиде победникот на втпрото полу-финале.



Спонзорирани линкови

Маркетинг