Audi го претстави новиот електричен купе-кросовер

Точка

08/07/2020

16:24

1.699

Големина на фонт

а а а

Audi во едно возило го спои тоа што се смета за добитна комбинациј кога станува збор за блиската иднина на автоиндустријата.

Германскиот производител ја комбинираше купе-кросовер каросеријата со електричен погон и после минатогодишното претставување на концептот Q4 E-Tron, ја претстави неговата поатрактивна, Sportback верзија.

Audi Q4 Sportback E-Tron Concept е само вовед во тоа што ќе следува идната година кога би требало да пристигне продукциската верзија на овој автомобил.


Во суштина, Sportback се разликува од Q4 E-Tron по сиулетата, посебно на задната страна каде што купе линијата со „остар“ покрив е посебно изразена. Со должина од 4,6 метри и висина од 1,6 метар, Sportback е еден сантиметар подолг и понизок од Q4 E-Tron.


Изненадувања нема ниту кога станува збор за погонот. Батеријата е со капацитет од 82 kWh, додека предниот и задниот електромотор развиваат сила од вкупно 306 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг