Ова е убавицата која го освои шармантниот актер набрзо по брачниот бродолом кој го доживеа со Меган Фокс

Кармин

02/07/2020

18:30

3.911

Големина на фонт

а а а

Тина Луис наводно е новата љубов на актерот Брајан Остин Грин, а судејќи според фотографиите, актерот сака жени кои што имаат тетоважи на своето тело.

Австриската манекенка Тина е во центар на внимание на медиумите откако папараци фотографите ја уловиле на ручек со актерот Брајан во Лос Анџелес.

Обожавателите сега одвај чекаат да дознаат нешто повеќе за оваа девојка која што ја врати насмевката на лицето на 46-годишниот актер кој што тешко го поминува периодот по разводот од неговата сопруга Меган Фокс.


38-годишната Тина е модел, веганка и инфлуенсерка која што досега красела насловни страни на многу списанија како што се „FHM“, „Maxim“ и „Zoo Weekly“, а судејќи по нејзините објави на Инстаграм, не се срами да се соблече и да го покаже своето тело кое што е полно со тетоважи.


Кога имала само 21 година неа ја открил фотограф и потоа започнала нејзината кариера. Таа најпозната е на австриската сцена, но во 2007-та година освоила титула за најсекси бикини-манекенка и станала позната и надвор од својата земја.





Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk