Последниов период беше исклучително тежок за сите, особено за оние кои директно беа загрозени и строго им се забрани да продолжат да си ја работат својата работа. Еден од нив е и музичарот Александар Тарабунов, кој за Точка раскажа како се чувствува, како го надминува овој период, што е она што треба да го очекуваме од него во иднина, дали е заљубен... Прочитајте го целото интервју во продолжение.
Периодов го искористив продуктивно, направив домашно студио и постојано учам да аранжирам музика, спортувам и сè останато.
Најмногу ми недостасуваат настапите, дружењето со мојата публика, општо дружењето со пријателите и нормалниот живот.
Тоа е факт дека не само музичарите, туку финансиски сите се загрозени на некој начин, али се надевам дека сè ќе се среди во иднина само треба да бидеме трпеливи.
Новата песна е моја прва песна на која јас направив аранжман и премногу сум задоволен од тоа како зазвучи, нормално за тоа ми помогна и Роберт Билбилов, кој што го збогати аранжманот и целата продукција. Спотот го направи Зоран Зонде Стојановски и со тоа ја заокруживме целата приказна на проектот.
Јас не застанувам, моментално работам на нова песна, која има подинамичен ритам и таа е при крај, така да за кратко време ќе можете да слушнете нешто ново од мене.
Моментално сум заљубен во работата, а девојка немам :)
Инспирација црпам секојдневно од сè и сешто, во зависност од тоа како се осеќам, што ме интересира во моментот и како ќе се фокусирам, немам некоја формула за инспирација..
Да останат релаксирани, да бидат креативни, да внимаваат и да уживаат во животот.
Автор: Ц.Н.
Фото: Приватна архива