Сите добро знаеме дека чајот од магдонос помага за намалување на масните наслаги од струкот и колковите, но дали знаете како се користи овој напиток?
Чајот од магдонос е многу здрав, а народната медицина го препорачува за лекување на воспаленија на уринарниот тракт, болестите на бубрезите, но и за слабеење.
Оние кои го испробале велат дека чајот многу им помогнал, но тој не е магичен – килограмите ќе ги намалите само доколку се придржувате до овие правила:
1. Секогаш приготвувајте чај од свеж магдонос.
2. Консумирајте го со лимонов сок.
3. Консумирајте го секој ден во рок од 5 дена, а потоа направете пауза од 10 дена.
4. Во текот на пиењето чај – вежбајте. 30-минутната прошетка секој ден е сосема доволна.
5. Во текот на овој период исфрлете ги слатките и преработените намирници и јадете само готвена, чорбеста храна.
6. Кога консумирате чај од магдонос, пијте и многу вода (околу 3 литри).
7. Не јадете ништо по 18 часот.
Како да го припремите чајот од магдонос?
Во врела, зовриена вода, додајте една шака ситно сецкан свеж магдонос. Тргнете ја водата од оган и поклопете го садот. Оставете го чајот да се излади, а потоа процедете го и пијте го во текот на денот со лимонов сок. Чајот се консумира незасладен.
Во текот на денот испијте половина литар чај од магдонос.