Родители внимавајте! Меѓу тинејџерите на социјалните мрежи се шири опасен “Џорџ Флојд“ предизвик

Кармин

09/06/2020

15:13

3.770

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири вознемирувачки „Џорџ Флојд предизвик“ кој што со причина разбеснил многумина.

Станува збор за вирален предизвик во кој тинејџерите ја имитираат позата во која што беше убиен Џорџ Флојд, чија смрт предизвика жестоки протести во САД.

Фотографиите покажуваат една личност како лежи на подот, додека друга со коленото ѝ го притиска вратот. Негативните реакции не престануваат да се нижат, а Инстаграм и Фејсбук веќе забранија користење на хаштагот #georgefloydchallenge.

Меѓутоа, Твитер сè уште не ставил крај на оваа вознемирувачка пракса, па многумина од твитерџиите почнале да го прават тоа токму таму.

##https://twitter.com/cassie_andraa/status/1268160458810368001?s=20##

„Ги спречуваме објавите кои што го промовираат овој предизвик“ – изјавиле од Твитер за „Бизнис инсајдер“, по силните критики.

„Кој воопшто го започнал овој предизвик? Флојд почина од последиците на полициската бруталност и секој кој учествува во овој предизвик заслужува да гори во пеколот“, „Твитер, време е да ги пронајдете тие луѓе, морони“, „Вака изгледа САД, Доналд Трамп“ – се само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk