Сопругата на Џорџ Флојд со солзи во очите пред новинарите и ''скршена'' покрај нивната ќерка: „Таа повеќе нема татко, тој никогаш нема да ја види како расте...“

Кармин

03/06/2020

10:11

3.637

Големина на фонт

а а а

Покојниот Џорџ Флојд бил татко на 6-годишното девојче Џиана. Нејзината мајка Рокси Вашингтон вчера одржала конференција за новинарите на која што ја отворила својата душа. Со нејзе била и Џиана.

„На крајот на денот, сите се враќаат кај своите семејства. Џиана повеќе нема татко. Тој никогаш повеќе нема да види како таа расте, како оди на матура. Никогаш нема да ја види пред олтар. Доколку има некој проблем, нема татко на кој ќе може да му се обрати“ - започнала Вашингтон да зборува пред новинарите.  

Плачела цело време, а на крајот неутешно стоела покрај малата Џиана.

Немирите во САД траат веќе една недела

Од минатата недела во САД траат немирите поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кое што се случи во Минеаполис. Полицаецот Дерек Шовин со коленото го притискаше во вратот речиси девет минути, додека Флојд не можел да дише.

Аутопсијата која што ја побарале од семејството на Флојд, покажала дека тој бил задавен. Шовин добил отказ, обвинет е и за убиство, додека пак тројца негови колеги кои што го привеле Флојд исто така се отпуштени од полицијата.

Семејството на Флојд бара поголема казна за Шовин.

„Беше добар човек“

Мирното барање правда во некои од градовите ширум САД прерасна во насилни протести поради што американскиот претседател Доналд Трамп се закани со ипраќање војска, што само дополнително ги разбесни демонстрантите.

Околу 1.600 војници денес се распоредени во околината на Вашингтон.

„Тука сум поради нашето дете и Џорџ. Заслужи правда и што и да мисли некој за него, тој беше добар човек. Беше добар“ - заклучила Рокси Вашингтон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk