Кајли Џенер поради ова би можела да заврши во затвор?! Постои сомнеж дека не е милијардерка, а еве зошто!

Точка

30/05/2020

21:47

5.364

Големина на фонт

а а а

Магазинот „Форбс“ ја тргна ТВ-ѕвездата и бизнисменка Кајли Џенер од својата листа на милијардери, обвинувајќи го нејзиното семејство за преувеличување на вредноста на нејзината козметичка компанија.

Списанието кое што во 2018-та и во 2019-та ја прогласи за најмлада милијардерка во светот, сега тврди дека 23-годишната ријалити ѕвезда всушност не е толку богата.

„Таа лажеше за податоците на компанијата и фалсификуваните даночни пријави“, наведува „Форбс“, со цел „да се достигне статус на милијардер“.

Овие шокантни тврдења беа објавени после една година и еден месец откако „Форбс“ ја постави Кајли на својата насловна страница и ја нарече „најмладиот милијардер досега, две години по ред“.

„Кајли беше навистина милијардерка, барем пред коронавирусот“, наведува „Форбс“.


Врз основа на даночните пријави на гигантот за убавина „Коти“, кој во јануари се стекна со 51 процентен удел во компанијата на Кајли со договор вреден 1,2 милијарди долари, козметичката компанија „Кајли козметикс“ генерирала приходи и профити што биле пониски од бројките објавени од страна на кланот Џенер-Кардашијан.

Во изјава на Твитер, Кајли се обиде да го возврати ударот.

Таа напиша: „Мислев дека ова е реномирано списание. Сè што можам да видам се многу неточни изјави и непоткрепени претпоставки.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг