Заљубени сте во Водолија? Ова се петте работи кои треба да ги знаете

Кармин

29/05/2020

15:25

2.440

Големина на фонт

а а а

Конечно го пронајдовте човекот за кој сметате дека е оној “вистинскиот” и сè изгледа совршено. Меѓутоа, доколку станува збор за Водолија, големи се шансите дека постојат некои работи кои тешко ќе ги воочите на прв поглед.

Тешко искажуваат чувства

Иако Водолиите се сочувствителни и грижливи, разговорите не се нивна силна страна. Затоа понекогаш може да изгледа дека “се оддалечуваат” од вас. Сепак, тоа не е случај. Водолиите многу се грижат за вас, вашите чувства и вашата врска. Тие едноставно не знаат да го искажат тоа.


Сè што ќе им кажете земаат “при срце”

Ако сте лути на Водолија, бидете внимателни што изговарате. Тие лесно се навредуваат дури и кога ќе кажете нешто во афект. Ако сте лути што не ви се јавил и кажете нешто како “никогаш повеќе не ми се јавувај”, немојте да се изненадите ако тоа навистина и се случи.

Тие се многу сигурни

Кога не се во романтична врска, Водолиите се спремни за излегување со пријателите 24/7. Меѓутоа, ако сметаат дека навистина сте се поврзале на подлабоко ниво, припадниците на овој знак се подготвени да бидат покрај вас секогаш кога ви се потребни и можете да бидете сигурни дека тие нема да ве изневерат.


Нема да ви кажат дека не им се допаѓа правецот во кој оди вашата врска

Ако ви се чини дека нешто не е во ред со врската, а мажот Водолија делува повлечено, веројатно е време да размислите дали има поента да се биде заедно. Зошто тој едноставно не кажува што му пречи? Во нивна природа е да ги избегнуваат непријатните ситуации, па само дајте му малку простор да ги помине сите “опции”.

Често им е потребно време за себеси

Исто како што сакаат да се забавуваат со пријателите кога не се во врска, исто така мажите Водолии сакаат некое време да бидат сами за да размислуваат за своите чувства. Најважно е да не се навредите од ова – сигурно и вие сакате одвреме-навреме да бидете сами.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk