„Внимателно следете ги трудниците“: Ковид-19 може да предизвика повреди на плацентата

Кармин

28/05/2020

21:22

743

Големина на фонт

а а а

Трудниците кои имале коронавирус треба внимателно да се следат, предупредуваат лекарите, бидејќи е откриено дека вирусот може да предизвика 'повреди' на плацентата.

Британскиот магазин „The Sun“, пренесува мало истражување, спроведено на 16 жени кои биле позитивни на вирусот додека биле бремени. 

Сепак, научниците ги уверуваат мајките дека изгледа дека овие повреди не му штетат на нероденото бебе.


Кралскиот факултет за акушерство и гинекологија истакнал дека повеќето трудници со коронавирус имале нормална и здрава бременост и новороденчињата биле во добра здравствена состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk