Вистински нарциси: Ова се петте најумислени хороскопски знаци

Кармин

28/05/2020

16:22

2.881

Големина на фонт

а а а

Нарцисоидните личности најмногу се сакаат себеси и често копнеат по комплиментите од другите луѓе. Тие се грижат за нивниот физички изглед и поминуваат и по неколку часа дневно пред огледалото, додека нивната личност и не е толку важна за нив.

Фокусирани се и одлучни да добијат сè што посакуваат во животот, а тоа е често внимание од другите луѓе, пренесува “Your Tango”. Според астрологијата, одредени карактеристики на секој хороскопски знак можат да одредат колку е личноста нарцисоидна, а ова се петте најлоши знаци: 

Бик

Биковите често веруваат дека се подобри од другите луѓе и дека заслужуваат повеќе работи во животот. Сметаат дека она што го прават за да ги постигнат своите цели е целосно оправдано, затоа што тие го заслужуваат тоа. Често се добри манипулатори, но најголемата нарцисоидна карактеристика им е тоа што можат да ги наговорат другите да прават работи кои инаку не би ги правеле.


Лав

Лавовите за себе имаат најдобро мислење и често се однесуваат како да се единствени во светот. Иако покажуваат дека имаат огромна самодоверба, всушност се многу несигурни во себе, што е една од карактеристиките на нарцисоидните луѓе. Лавовите ќе направат сè за да ги постигнат своите цели и да ги задоволат своите желби, дури и ако повредат некој во процесот.

Шкорпија

Ако Шкорпијата е со добра волја, таа нема да покажува нарцисоидни карактеристики. Но, ако е повредена или предадена, станува многу сосредоточена на одмазда, без обѕир на тоа кого ќе повреди. Шкорпиите можат да бидат многу ладни и секогаш ги калкулираат сите свои потези. Често не гледаат колку е погрешно да се искористуваат луѓето за сопствени цели.


Водолија

Водолиите се инаку многу независни личности, но таа независност може да стане сериозен проблем кога не размислуваат за ништо друго освен за своите сопствени желби и потреби. Тие сакаат да им помогнат на другите луѓе, но само ако не се вложени премногу чувства во тоа. Понекогаш ќе ги искористат луѓето за своја корист и ќе прават добри дела само поради вниманието на останатите.

Девица

Девиците имаат барем една нарцисоидна карактеристика – често сметаат дека се најинтелигентните личности во просторијата. Имаат многу големо мислење за себе, но имаат и податоци кои го потврдуваат тоа бидејќи обожуваат да истражуваат. Исклучително се паметни, што им помага во лажењето и тежнеат кон совршенство, што често ги прави арогантни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk