Овој фустан е вистинско летно изненадување: Гламурот и женственоста се враќаат во најубав облик

Кармин

22/05/2020

12:54

2.384

Големина на фонт

а а а

Свилата е скапоцен и многу вреден материјал, кој на облеката и стилот општо им дава нота на софистицираност, женственост и шик.

Традиционално и е еден од најскапите материјали, но со причина бидејќи квалитетот на свилата не може да се мери речиси со ништо друго што го нуди пазарот на материјали. 

Свилата е и оваа година актуелна, ако може да се суди според “диктатите” на модните дизајнери и инфлуенсери, а најмногу е застапена во моделот на еден сосема едноставен и лежерен, минималистички фустан.

Имено, свилените фустани на прерамки кои ја следат линијата на телото, но не се тесни и варијациите на тој модел со шлиц или со отворен грб, па дури и моделите кои потсетуваат на старинските свилени фустани, се нешто што морате да го имате во својот гардеробер, доколку ги следите модните трендови.

Меѓутоа, дури и доколку не ги следите, овој фустан е толку вонвременски, толку женствен и суптилен што можете да го сместите во било која модна сезона и тој повторно би изгледал модерно, актуелно и секси.

Фустаните се воглавно еднобојни, а боите се нежни – бела, валкано розова или сина, но се наоѓаат и верзии во впечатливи неон бои.

Што се однесува до должината, во оптег се сите должини – од мини фустани кои потсетуваат на комбинезони, преку миди должина па сè до макси елегантните фустани.

Единствено што ви преостанува е да го изберете моделот кој лично најмногу ви се допаѓа и да се определите за боја или дезен кои најмногу му лежат на вашиот личен стил и вкус.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk