Познатата пејачка ги нападна колешките: „Пеат за е*ење, а мене ме критикуваат“

Кармин

21/05/2020

20:13

3.813

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лана Дел Реј во подолга објава која ја сподели со следбениците на Инстаграм се обрати кон музичката сцена и ги искритикува колешките, меѓу кои ги спомена и Бијонсе, Карди Би, Аријана Гранде и Ники Минаж.

„Сега кога Доџа Кет, Аријана, Камила, Карди Би, Ники Минаж и Бијонсе имаа број еден хитови во кои пееја колку се секси, како не носат облека, за е*ење и неверство, може ли, ве молам, да се вратам на своето пеење за тоа дека добро се чувствувам во своето тело, дека се чувсвувам убаво кога сум заљубена, дури и кога врската не е совршена, без да бидам распната или да бидам обвинета дека злоставувањето го претставувам како нешто гламурозно?“, напиша пејачката.

Бранејќи ја својата музика, напиша дека не разбира зошто луѓето ја напаѓаат поради стиховите. Додала дека таа пее за реалноста и дека жените треба да зборуваат и во моментите кога се слаби.

„Во феминизмот мора да постои место и за жените кои изгледаат и се однесуваат како мене. Оние жени кои велат не, но мажите слушаат да. Оние жени кои немилосрдно се газат, бидејќи се автентични и чувствителни“, пишува таа.

Нејзината објава не им се допаднала на некои нејзини следбеници, кои ѝ порачале дека не треба да ги омаловажува колешките во обид да се одбрани себе.

„Ова што си го напишала е навистина очајно“, „Не си единствена која е критикувана. И Бијонсе е на удар на критики за сè што ќе направи“, „Дај, порасни“, се дел од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk