Папарацо скандал на првата дама: Фотографиите од голата Џеки Кенеди се доказ за суровоста на нејзиниот сопруг

Кармин

21/05/2020

13:34

5.905

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од Џеки Кенеди како опуштено шета на плажа на островот Скорпиос во Грција без ниту едно парче облека на себе предизвикаа вистински папарацо скандал во 70-те години на минатиот век.

Пред неколку години јавноста остана шокирана од веста дека фотографиите во медиумите ги дал токму нејзиниот сопруг. 

Голата Џеки Кенеди Оназис била фотографирана на грчката плажа во 1972 година откако Аристотел Оназис, нејзиниот сопруг, им дал информации на папараците. Ваквата информација ја тврди Кристофер Андерсон, автор на книгата “Добар син: Џон Кенеди помладиот и мајката која ја сакаше”, пишува “Daily Mail”.


Во книгата, авторот тврди дека фотографиите биле дел од валканата кампања која ја водел Оназис против поранешната прва дама на Америка во периодот кога нивниот брак веќе западнал во криза и кога разводот бил извесен.

Фотографиите ги преплавија магазините ширум светот, предизвикувајќи еден од првите папарацо скандали. Книгата првенствено се занимава со животот на Кенеди помладиот, синот на претседателот Џон Кенеди и Џеки, но во неа детално се опишани и малтретирањата кои Оназис ѝ ги приредувал на својата помлада сопруга, која постојано ја нарекувал “Вдовица” во интервјуата, алудирајќи на нејзиниот прв брак.

Џеки стапи во брак со Аристотел во 1968 година, на општо изненадување и воглавно незадоволство на членовите на семејството и пријателите. Сепак, проблемите веднаш започнале. Авторот тврди дека веднаш по венчањето, Оназис ја оставил Џеки сама две недели, кои наводно ги поминал на “деловен пат”.


Аристотел за време на целиот брак бил во јавно-тајна афера со оперската пејачка Марија Калас, користејќи ги сите свои медиумски врски за да ја понижува Џеки, тврди Андерсон.

“Уморен од фактот дека Џеки постојано се жали на повреда на приватноста и вознемирувањето од страна на медиумите, Аристотел лично дал 10 фотографии како и детална мапа и време кога таа ќе биде на плажа”, напишал авторот за моментот кога дошло до настанување на спорните фотографии.

Поради нив Џеки го добила прекарот “Грмушка од милион долари”, а нејзините деца со години биле исмевани. Несвесна дека токму нејзиниот сопруг стои зад овој инцидент, Џеки планирала да ги тужи медиумите, но наместо тоа, ѝ пристигнало барање за развод.


Аристотел инаку бил познат како личност која ужива во медиумското внимание и самиот ги канел папараците да го фотографираат додека вечерал со својата љубовница.

Иронично, Оназис не доживеал да го дочека разводот – тој починал во март 1975 година. Џеки Кенеди Оназис починала во Њујорк 19 години подоцна – на 19 мај 1994 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk