Погледнете како изгледа новиот Mercedes S Class

Точка

12/05/2020

16:05

2.665

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавија „шпионски“ фотографии кои го откриваат изгледот на новиот S Class на Mercedes.

Дизајнот на надворешноста на моделот кој ја носи фабричката ознака “W223” го следи новиот дизајнерски јазик на германскиот гигант. Тоа пред се може да се види на задниот дел од автомобилот кој го красат значително изменетите светла, како и предните светла.

Како што можеше да се очекуа, промените исто така се драстични и во ентериерот. Практично се е ново, а во Mercedes одлучија да ја дигитализираат и командната табла и екраните повеќе не се вклопени заедно во кокпитот, туку се поставени како два различни таблети.

Токму ваквиот ентериер германскиот производител го најави со концептот Vision EQS кога за прв пат можевме да го видиме дизајнот на вентилациските отвори, кој сега е применет кај новиот S Class.



Спонзорирани линкови

Маркетинг