Погледнете како изгледа вистинско архитектонско ремек-дело во кое веќе шест години живее тенискиот ас.
Роџер Федерер, швајцарскиот тенисер и еден од најголемите спортисти на сите времиња, во текот на својата кариера заработил околу 450 милиони евра, а дел од тие пари ги инвестирал во луксузната вила во местото Волер, во швајцарскиот кантон Швиз.
Во објектот кој што се наоѓа недалеку од циришкото езеро, Федерер со својата сопруга Мирка и нивните четири деца се вселил во 2014-та година, а самата куќа е препознатлива поради необичната конструкција, има три просторни целини, а интересно е тоа што нивните први соседи се неговите родители.
Домот моментално доминира во регионот каде што се наоѓа, пред сè поради огромната стаклена површина, наместо класичните ѕидови, така што од куќата, во кој правец и да се завртите го гледате нереалното циришко езеро.
Куќата поседува и базен каде што Швајцарецот поминува поголем дел од неговото време, а процената на вредноста на неговиот имот изнесува 7.3 милиони евра.
Кантонот во кој што се наоѓа оваа преубава куќа се смета за рај кој што како таков е примамлив за оние со ‘подлабок џеб’, меѓу кои се и возачите на формула 1 – Кими Раиконен и Фелипе Маса.