„Знам како е, мајка ми земаше социјална помош за да преживееме“: Опра Винфри донирала 10 милиони долари за борба против коронавирусот

Кармин

03/04/2020

17:21

2.386

Големина на фонт

а а а

Водителката Опра Винфри во четвртокот објави дека донира 10 милиони долари за да ја поддржи борбата против коронавирусот во САД, а тоа ќе вклучи и обезбедување храна за загрозените Американци.

Винфри, една од најбогатите и највлијателните Американки, тоа го објави на социјалните мрежи.

„Донирам 10 милиони долари за да им помогнам на Американците во оваа пандемија во градовите ширум земјите и во подрачјата каде што пораснав“, напишала таа.


Винфри (66) е родена во сиромашно семејство во Мисисипи. Дел од парите се наменети за обезбедување храна за најзагрозените во пандемијата, меѓу кои се и децата кои зависат од храната која ја добивале во сега затворените училишта и растат во сиромашни семејства, и за возрасните лица и невработените, чиј број драматично порасна.

„Сè уште се сеќавам на моето детство со мајка ми која земаше социјална помош и понекогаш требаше нѝ помош само за семејството да преживее. Во вакви времиња многумина се згрозени“, напишала Винфри. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk