Линдзи Лохан објави мистериозна видео снимка во која најавува дека се враќа на музичката сцена, а покрај тоа ги избришала и сите објави на своите социјални мрежи.
Видео снимката која Линдзи ја објавила е монтажа од различни медиумски објави за неа, а на крајот од видеото порачува: “Се вратив”.
33-годишната Лохан ја започна актерската кариера уште во детството, за подоцна да биде попозната по екцесите и автодеструктивното однесување. Злоупотребата на дрога, но и низата апсења ја оставија Линдзи без позначајни улоги низ годините, иако беше сметана за нова актерска надеж.
Во 2018 година таа повторно беше во центар на скандал бидејќи следеше и снимаше семејство од Сирија на улиците на Москва, тврдејќи дека нивните деца се жртви на трговија со луѓе.