Плејбој зајачица: „Никогаш не сум доживеала нешто пострашно. Врескав, мислев дека сите од мојата улица се мртви“

Точка

01/04/2020

16:15

3.387

Големина на фонт

а а а

Плејбој зајачицата Лора Драмис проговори за опасноста во која се нашла кога торнадо со удар од 270 km/h ја погодило нејзината куќа во Нешвил.

Оваа 30-годишна Британка се преселила во САД пред шест години, а од 2019-та година живее во Нешвил.

Среде ноќ ѝ се срушил кровот од домот, а плејбој зајачицата за „The Sun“ раскажала како се чувствувала во тој момент.


„Звучеше како да експлодирала нуклеарна бомба. Многу беше страшно“, рекла таа.

Тоа се случило минатиот месец. Две торнада го погодија подрачјето каде што живее Лора, а животот го загубиле 26 лица. На телевизија слушнала за предупредувањето за торнадо и добила порака од пријателите да се сокрие. Како што вели, прво го земала своето куче и отишла да се сокрие во кадата. „Тоа беше најсигурно место во мојата куќа“, рекла таа.

Меѓутоа, штом станала од кревет и тргнала кон вратата, ударот ја бутнал на земја.


„Тоа беше најстрашното искуство во мојот живот. Прозорците се искршија, а кујната и спалната соба се срушија, па останав заробена во куќата“, изјавила Лора.

„Врескав, мислев дека сите од мојата улица се мртви. Бев во пижами, а стакло имаше насекаде. И автомобилот ми беше уништен“, додала. Од куќата ја извлекол сосед, а додава дека веројатно би била мртва ако отишла во спалната соба наместо во купатилото.

Потоа помогнала да се соберат 12.000 долари за да им помогне на повозрасните соседи за реновирањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг