Втор дел 'Што прават познатите во карантин' - еве како го поминуваат времето во изолација Бурческа, Дац, Митевски, Милена...

Точка

30/03/2020

22:10

13.420

Големина на фонт

а а а

Минатата недела со вас го споделивме секојдневието на дел од нашата естрада, за време на 'карантинот', а сега одлучивме да направиме и Втор дел „Што прават познатите дома“, во кој опфативме музичари, водители, влогери, фотографи...

Првиот дел од 'карантинот на познатите', доколку сè уште не сте го погледнале, може да го видите ТУКА. Во продолжение прочитајте што прават за време на карантинот Јана Бурческа, Ване Маркоски, Емра Куртишова (Исаура од Преспав), Митевски и Дац, Милена Антовска, Марко Новески, Сара Мејс, Валентин Николоски, Мијата, Дарко Јефремов (влогер) и Badstef (фотограф).

Јана Бурческа

„Дона многу сака да слави родендени, па ете во карантин имаме можност и време секој ден да ни е роденден, хаха.“


Ване Маркоски

„Ова е време кога целосно можеш да се посветиш на себе и на својот тек на мислите. Ама ич ништо не е чудно и необично. Па тоа чувство да се разбудиш, да не ти работи мозокот турбо, туку сè да е смирено и релаксирано, тоа е непроценливо. Излегувам само до маркет, до работа и на прошетка со милениците. Досадно не ми е ама ич. Двете кучиња редовно ми приредуваат забава.“


Емра Куртишова

„Деновите во карантин се трудам да ги поминам со што помалку информации од медиумите, доволно ми е да знам како да се заштитам од вирусот. За среќа опкружена сум со моето мало животинско царство, и сфаќам колку многу сум им недостасувала. Пројавувам желба за готвење, што е за неверување но, ете... хаха. 


Убаво е што сфаќаме колку вистински имаме потреба едни од други. Го имаме на располагање целото време на светот за позитивна мисла, а, секако и за да извлечеме поука од сето ова што ни се случува.“ 

Александар Митевски и Драган Спасов - Дац

Александар: наутро станувам и додека сите спијат можам да поработам нешто озбилно, кога ќе станат моите тоа озбилното прераснува во неозбилно. 🙂

Дац: јас подоцна станувам од Александар и кога се будам вртам кај него за да го планираме денот.

Александар: ако станат условите дома невозможни (ако не сте знаеле јас живеам со три женски особи) одам до студио и таму се препуштам на мојата музичка тишина.

Дац: јас немам студио па одам кај Александар. Инаку секогаш сме на дозволена дистанца, со маски и ракавици.

Александар: деновиве имам многу работа со монтажи и снимања, доснимувања. Дац е труп за компјутери па таа работа морам сам да ја правам, всушност како и секогаш

Дац: па мора некој и да мисли, не само да штрака по тастатура 🙂

Александар: мислам дека со нашите постови барем малку ги разведруваме граѓаните и нашите фанови во ова тмурно време.

Дац: се слагам со Александар но јас не мислам, јас тврдам дека знаеме да ги развеселиме луѓето.

Александар: мора да се чуваме и да внимаваме на препораките кои ги даваат за наше добро

Дац: ако самите не се чуваме нема кој да не чува, луѓе памет во глава и слушајте музика!“

Милена Антовска

Најпозитивно е што поминувам повеќе време со мојот сопруг и нашата ќерка Лана Марија, нешто што порано не можевме да го замислиме затоа што постојано брзавме и имавме обврски. Секојдневно со неа смислуваме игри за да не ѝ биде досадно, читаме, пееме и се смееме.


Но, стравот од овој вирус постои, затоа сега е време да бидеме одговорни и свесни за сите нас. Во овие тешки денови позитивно е што конечно ги видовме лицата на многу луѓе, и во позитивен и во негативен контекст, па ќе знаеме како понатаму кога сè ќе заврши. Позитивно е што планетата Земја се чисти, се обновува.“

Марко Новески

„Додека сум во изолација за побрзо да ми помине времето гледам да имам што повеќе активности. Затоа денот го започнувам со утринска кратка прошетка со кучињата и утрински вежби кои ги правам во домашна атмосфера. 😀 Потоа се спремам и одам на 3 саата во РадиоХит што ми доаѓа и како еден вид мозочна гимнастика во овој период. 😀


Откако ќе се вратам дома излегувам со кучињата на 5 минути, се враќам дома и седнувам или пред компјутер, телевизор или пак зимам некоја книга. Мора да признаам дека деновиве 'уживам' и во губењето на карти од мојата партнерка. 😂“

Сара Мејс

„Тешко ми е со една фотка да го опишам седењето дома, но ете одбрав една триумфална 😁, односно фотка која покажува како ни завршува еден ден после многу играње докторки, фризерки, пејачки, свирачки, скокање во трамболина, јавање коњче, читање “Мојата прва книга” (моментално ни е хит), Гангам стајл (моментален музички хит).... 


Не ми смета седењето дома никако, баш напротив. Можам колку сакам да свирам, пеам, читам...си направив ред во некои фиоки каде фалеше истиот 😂, имам онлајн часови со моите ученици, си сечам облеки што ми биле широки и си ги цртам, станувам се подобра во кујна 😂, имам време дури и за филмче/серија, молк во дворче и слушање птици....❤️ 
It’s up to you како ќе го живееш животот. Особено сега, кога ама баш it’s up to you. 😊😘“

Валентин Николоски

„Без оглед на епидемијата од корона вирусот и полицискиот час продолжуваме со работа во интерес на јавноста. Барем малку да им помогнеме на македонските граѓани подобро да се заштитат и полесно да го пребродат ова опасно време на пандемија. Сител е со Вас.


П.С. Се разбира со соодветна заштита и 'аусвајз' за полициски час.“

Наташа Крстевска - Мијата

„Дома сме целосно посветени едни на други. Син ми Калин се израдува што не оди на улилиште, ама сега откако сфати дека повеќе учи кога јас му стојам над глава го бара назад училиштето. Сопругот работи од дома, а јас сум на стенд-бај смени од работа. Никита за жал нема ден да помине, а да не ги спомне учителките и другарчињата од градинка.


Јас правам музика од карантин, како за Инстаграм предизвици така и авторска музика. А периодот го користам и за онлајн промоција за мојата најнова песна „Regret". Само за орманите средување никако да најдам време.“

Дарко Јефремов

„Позитивно од овој период е тоа што сум во камион 99% од времето, немам контакт со луѓе, не се движам меѓу луѓе, само преку мобилен комуницираме.


Како негативно би го издвоил тоа што сум оддалечен од моите, не сум дома со нив за да ги смирам и насмеам во оваа тешка негативна ситуација. Инаку, во моментов сум во Америка, па ви праќам позитивна енергија оттука.“

Стефан Соколовски - Badstef 

„Седењето дома ми доаѓа како психичко ресетирање и голем продолжен одмор кој го користам за ретроспектива на сите мои успеси и падови на личен и професионален план, со што правам анализа и калкулација какви промени и планови ми се потребни за во иднината - ова навистина го советувам на сите!


Од негативната страна, сигурен сум дека на многу луѓе им недостига социјалниот живот и личен контакт со своите блиски и поминување време надвор. Како и огромниот економски пад и губење на многу работни места на луѓе во скоро сите индурстрии. Тоа е навистина тешка и негативна промена но сето тоа дава простор за нови промени и подобрувања!
Сигурен сум дека сето ова што се случува е за едно големо подобро утре кое се надевам ќе се случи што побргу...“


Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг