Детокс супа која што ги чисти белите дробови – Кинезите ја користеле против борбата со коронавирусот, а е дел од традиционалната медицина

Кармин

24/03/2020

12:12

8.175

Големина на фонт

а а а

За методите околу традиционалната медицина која што кинеските експерти ја користеле во борбата против коронавирусот досега се зборуваше многу.

Кон крајот на претходниот месец имаше над 85 отсто пациенти со коронавирус во Кина, а околу 60 илјади од нив примале лекови од растенија заедно со главните антивирусни лекови, изјавило тамошното Министерство на наука и технологија, пренесуваат од Си-ен-ен.

Една од таквите методи било консумирањето на детокс супата направена од 20 растенија, меѓу кои слатки корени од растенија, цимет и ефедра.

Оваа детокс супа која што ги прочистува белите дробови, е традиционалната кинеска медицинска метода која што ја консумирале пациентите кои што биле заразени од Ковид-19, пренесуваат од Си-ен-ен.


„Подготвени сме да го споделиме кинеското искуство и кинеските решенија за лечење од Ковид-19, а повеќето земји треба да почнат да ја користат кинеската медицина, да ја разберат...“ – изјавил Ју Јанхонг па додал:

„Во прилагодувањето на здравјето на целиот организам и зајакнување на имунитетот, традиционалната кинеска медицина ја стимулира способноста на пациентот да закрепне од болеста што е ефикасен начин на терапија“.

Овој кинески експерт истакнал дека традиционалната кинеска медицина помогнала и во борбата против вирусите во минатото, каков што беше САРС во 2002-2003-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk