Раскрсница – во кои насоки смее да се движи синиот автомобил?

Точка

07/03/2020

14:00

7.553

Големина на фонт

а а а

Погледнете ја оваа сообраќајна ситуација на фотографијата па обидете се за помалку од една минута да дадете точен одговор...

Раскрсницата која што се наоѓа на фотографијата не е опремена со семафори, а нема ниту сообраќаец кој што би го регулирал сообраќајот.

На неа се наоѓаат три автомобили, чие движење го регулира “превртен триаголник“ и еден сообраќаен знак за известување.

Внимателно погледнете ја сообраќајната ситуација на раскрсницата па обидете се да одговорите на прашањето:

Во која насока смее да се движи синиот автомобил?

1. Само во насока Б;
2. Во насоките А и Ц; 
3. Само во насока А; 
4. Во насоките А и Б; 
5. Во било кој правец.


.

.

.

.

.

.

.

.

  

Одговор:

Сообраќајот на раскрсницата го регулираат сообраќајни знаци “превртен триаголник“, односно – вкрстување со пат со првенство на минување и знак кој возачите ги известува дека позади него настапува прекин на пат со едносмерен сообраќај.

Бидејќи ниту еден од овие знаци не забранува возење во ниту една насока, точниот одговор е под број 5 – синиот автомобил може да се движи во било кој правец од понудените.

Меѓутоа, ситуацијата на фотографијата остава можност и за уште едно толкување. Иако на раскрсницата не постои никаква дополнителна сообраќајна сигнализација, факт е дека едносмерната улица од која што автомобилите излегуваат на улица со првенство на минување има три коловозни ленти, ситуацијата може да се реши така што автомобилите претходно би се престроиле во една од трите ленти, во зависнот од насоката во која што планираат да одат.

Иако тоа на оваа фотографија не е случај, во таквата ситуација точниот одговор би бил под реден број 3.




Спонзорирани линкови

Маркетинг