Денеска е светски ден на мафините: Рецепт од 5 состојки кој ќе го обожувате

Точка

20/02/2020

15:43

5.061

Големина на фонт

а а а

Денеска е меѓународен ден на мафините, а ние пронајдовме едноставен рецепт за превкусни мафини со Нутела, кои се совршени за овој ден.

Потребни ви се 5 состојки, а и неколку часа откако ќе ги изедете ќе ги лижите прстите...

Состојки:

- 2 јајца
- 50 грама шеќер
- 340 грама Нутела
- 90 грама брашно
- половина лажичка прашак за пециво 

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени

2. Во голем сад ставете ги јајцата и шеќерот и мешајте додека не се соединат. Потоа додадете ја Нутелата и мешајте додека сите состојки не станат една смеса. Додадете ги брашното и прашакот за пециво и повторно мешајте додека не се соединат.

3. Налејте ја смесата во калапите за мафини со што ќе ги наполните само 2/3. Ако правите мини мафини, ќе ви бидат доволни 8 минути во рерна, а ако правите мафини со стандардна големина, тогаш 12-13 минути.

4. Насредина на мафините откако ќе се изладат ќе се создаде мала дупка која може да ја наполните со Нутела или некој друг додаток кој го преферирате.

Добар апетит!