[ФОТО] Го чекаше 10 години: Внуката на Грејс Кели гордо го покажа свршеничкиот прстен вреден 132.000 долари

Точка

14/09/2026

21:00

476

Големина на фонт

а а а

Внуката на Грејс Кели, принцезата Александра од Хановер, наскоро ќе стапи во брак по 10 години врска.

Принцезата Александра од Хановер (27), внуката на легендарната холивудска актерка Грејс Кели, се сврши со своето долгогодишно момче по 10 години врска. Принцезата во петокот објави дека ќе се омажи за Бен-Силвестер Страутман (27), споделувајќи фотографии од запросувањето, на кои го покажа својот свршенички прстен со жолт дијамант.

„План за венчавка“, напиша Александра покрај објавата на Инстаграм.


Честитките набрзо почнаа да се редат, а меѓу оние кои ѝ честитаа беа и Кити Спенсер, внуката на принцезата Дијана, како и Александра Леклер, сопругата на Шарл Леклер.

Прстенот го креирал италијанскиот дизајнер Антинори ди Санпјетро. Во централниот дел се наоѓа дијамант со интензивна жолта боја од 4,8 карати. Покрај него се поставени два помали дијаманти со триаголен рез, а целата композиција е изработена од 18-каратно жолто и бело злато, пишува „Tatler“.


Дизајнот на прстенот содржи и еден скриен детаљ. Внатрешноста е украсена со шара инспирирана од геометриските мотиви на римскиот плоштад Пјаца дел Кампидољо. Вредноста на прстенот се проценува на околу 132.000 долари.

Страутман е роден во Долна Саксонија, Германија, а како дете се преселил во Монако. Тој и Александра се движеле во слични општествени и академски кругови додека растеле.


Парот првпат бил виден заедно во јавност кон крајот на 2016 година, а својата врска ја потврдиле следната година.

И двајцата ја делат љубовта кон спортот. Александра се натпреварувала во уметничко лизгање и го претставувала Монако на Европскиот младински олимписки фестивал во 2015 година, додека Страутман играл кошарка за репрезентацијата на Монако до 18 години, пишува „Пејџ сикс“.


Тие двајца биле видени заедно на големи спортски настани, вклучувајќи ги Олимписките игри во Париз и Големата награда на Монако.

Александра е ќерка на принцезата Каролина од Монако, најстарото дете на Грејс Кели.