Правило “шест минути”: Испробајте го уште вечерва и удвојте го задоволството во сексот

Точка

19/02/2020

22:03

9.671

Големина на фонт

а а а

Сексуалните експерти откриле многу едноставно правило наречено “шест минути” кое гарантира постигнување на поголемо задоволство во сексот.

Ова правило се заснова на воведување предигра која треба да трае најмалку шест минути пред да тргнете во главната “акција”. Задоволувањето пред пенетрацијата треба да претставува задоволство и за двајцата партнери, меѓутоа истото е често неправедно занемарено кај љубовните парови. 

Во студија која ја спровеле научници од Канада со која биле опфатени 1500 испитаници, било утврдено дека лицата кои пред конкретната секс-акција уживале во предигра во рок од најмалку 6 минути, биле многу сексуално задоволни.


Истражувањето било нарачано од компанијата “Тројан”, а научниците благодарение на различни тестови утврдиле дека повеќето мажи се сложуваат со ваквото правило, но “сепак можат да доживеат оргазам и без него” – во споредба со 61 отсто од жените на кои им е потребна предигра за да се опуштат. 

“Шест минути е минимумот кој треба да го посветите на предиграта. Ова е едноставен начин кој луѓето можат да го практикуваат во својата врска, а да не ги чини ништо”, објаснил Робин Милхусен, професор на универзитетот “Гвелф”.

Студијата исто така утврдила дека 56 отсто од мажите и 55 отсто од жените чувствувале поголемо задоволство кога разменувале нежности со партнерот по сексот, како што е прегрнувањето и галењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг