Официјална одлука на НБА – еве како ќе му се оддолжат на Коби Брајант

Точка

16/02/2020

14:01

6.496

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на НБА, Адам Силвер објавил дека наградите за најкорисен играч на Ол-стар натпреварите отсега ќе се нарекуваат по Коби Брајант.

Силвер во обраќањето на официјалната конференција пред Ол-стар манифестацијата изјавил дека во иднина МВП трофејот за најдобар играч ќе го носи името на неодамна трагично загинатиот кошаркар.

„Размислувавме за тоа кој би бил најдобриот начин да му укажеме чест. Се случи неговот заминување да биде непосредно пред почетокот на Ол-стар натпреварите, а токму Ол-стар натпреварите, освен петте титули кои ги освои ја одбележаа неговата карира. Коби беше 18 пати учесник на Ол-стар и рекордер со четири МВП признанија“ – рекол Силвер.

„За сите нас, очигледно ова е најдобриот начин да му се оддолжиме“ – додал тој.

Наградите официјално ќе се нарекуваат "Kobe Bryant MVP Award".




Спонзорирани линкови

Маркетинг