Експертите согласни – ова ќе биде најпопуларната фризура во 2020 година: Ја носат славните убавици, а прилега на секое лице

Кармин

10/12/2019

14:29

2.317

Големина на фонт

а а а

Веќе со месеци се знае која е најпосакуваната фризура на сезоната – станува збор за познатиот боб, строго ишишан или со степен, благо извиткан или рамен, неважно сè додека е боб.

Покрај екстремната популарност, која ја докажуваат и бројните славни убавици кои ја носат оваа фризура, таа има уште една предност – одлично прилега на повеќето жени.  

Исто така, боб фризурата бара минимално стилизирање и секогаш делува шик дури и доколку ја стилизирате само 1-2 минути.

Експертите нагласуваат дека и во 2020 година ќе бидеме сведоци на владеењето на боб фризурата, но во малку поинаква форма. Имено, во наредната година ќе носиме таканаречен поб односно “pony bob”.

Станува збор за класична боб фризура, но со шишки, а истата делува неодоливо шик и носи доза на париски стил со себе. Оваа фризура ги “брише” годините од лицето, а косата е волуменозна и лелеава.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk